x

Резерва од 10 полнења за iPhone

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 23 Септември, 2017 од GSM.mk

Резервната батерија или преносен полнач Anker PowerCore Portable Charger е еден од најмоќните вакви производи на пазарот бидејќи може да ја наполни батеријата на iPhone до 10 пати.

Се работи за полнач од 26.800 mAh, со три USB порта, така што корисниците може да полнат три уреди истовремено.

Anker PowerCore има димензии 7x3,2 инчи, а првите купци ќе добијат два микро USB кабли, мала торбичка и гаранција од 18 месеци.

За нив и цената ќе биде пониска и ќе изнесува 59,99 долари.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.