x

Резултатите: Apple и Huawei произведуваат најиздржливи телефони!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Јуни, 2019 од GSM.mk

Можеби за многумина не е изненадување дека Apple прави квалитетни телефони, но друга компанија со еднакво добро производство е кинеската компанија Huawei..

Истражувачката компанија Harris Interactive проследи 130,050 пост-продажни интервенции и направи листа на уредите со најмалку потреби од поправки пред типичната гаранција од 2 години.

Според резултатите, Honor и Huawei, исто како и Apple, се трите компании кои прават уреди со најмалку потреби од поправка. Тоа значи дека овие смартфони немале потреба од поправка пред да помине гаранцијата од 2 години.

Другите интересни информации од истражувањето се дека просечната сопственост на смартфон е само 3 години.

Apple and Huawei make the toughest phones, says study


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.