x

Робот ја одработи својата прва смена во ресторан

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Март, 2018 од GSM.mk

Флипи е робот кој доби постојана работа да пече плескавици на скара во фаст фуд ресторан.

Роботот Флипи кој го создадоа инженерите на компанијата Miso Robotics, успешно ја одработи својата прва смена во ресторанот за брза храна Caliburger во Пасадена.

По неколку месечно учење и пракса во подготовка на брза храна, Флипи конечно стапи на своето работно место, со што стана закана за луѓето кои работат на ова работно место, бидејќи може да работи 24 часа на ден, со капацитет од 150 плескавици на час, без паузи, годишен одмор, без плата и не е член на ниеден синдикат.

Флипи претставува економски исплатлив производ кој со својата работа брзо ги враќа трошоците за неговата инсталација.

Но, на Флипи му е потребна и човечка помош, односно соработник кој ги поставува плескавиците на скарата, а Флипи е задолжен за нивното печење и вртење, а на крајот ги става на лепчињата, како што може да видите во видеото.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.