x

Русија: Купување на iPhone XS, плаќање со када полна монети

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Ноември, 2018 од GSM.mk

iPhone XS не само што е популарен телефон, туку во голем дел од неразвиените земји е симбол на престиж и богатство. Едноставно кажано, голем дел од корисниците го посакуваат поради причини кои не се поврзани со тоа што е добар телефон..

Што се случува кога ги немате потребните парични средства, а имате повеќе од што треба слободно време, како и очајна желба да сте сопственик на iPhone XS?

Вакво сценарио се појави во Русија - главни ликови се група млади луѓе со када полна монети, и еден навистина несреќен вработен. 

Сликата била споделена од Ludmila Semushina, менаџер во Apple продавницата во Русија. Имено, групата влегла носејќи ја кадата, со намера да купи нов iPhone XS уред. Во кадата имало отприлика 10.000 руски рубли, односно околу 1400 долари - официјалната цена на iPhone XS верзијата со 256GB меморија. 

Доколку се прашувате зашто на фотографијата има околу 9-10 души, одговорот е едноставен - за носење на тешката када биле потребни толку многу лица. Со сето ова, честитки на купувачот и сочуство до несреќниот вработен кој бил баш тогаш на смена. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.