x

Русија против светот: Усвоен спорниот предлог-закон со кој се ограничува интернетот

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Април, 2019 од GSM.mk

Руските законодавци на четврто читање го одобрија спорниот предлог-закон, кој ќе и овозможи на Москва да го запре интернет сообраќајот во земјата за странски сервери.

Со 320 гласови „за“ и 15 „против“ Думата го усвои предложениот закон, кој ќе стапи во сила на 1 ноември.

Руската Влада оцени дека со таквото законско решение ќе биде зајакната кибер безбедноста.

Ваквиот потег за критичарите претставува последен обид за контрола на онлајн содржините од власта предводена од претседателот Владимир Путин, додека некои од нив се плашат дека власта може целосно да го изолира интернетот во земјата, по примерот на Северна Кореја.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.