x

САД: Семејство го тужи Apple поради смртта на ќерката во сообраќајка

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Јануари, 2017 од GSM.mk

Брачна двојка од американската сојузна држава Тексас ја тужи технолошката корпорација Apple, обвинувајќи ја за вмешаност во смртта на нивната петгодишна ќеркичка во сообраќајна несреќа.

Како што пренесува телевизиската мрежа ABC News, сообраќајната несреќа за која што станува збор се случила во декември 2014 година во близина на градот Далас.

Џејмс и Бетани Модизет заедно со двете ќеркички со нивниот автомобил патувале по автопат и забележувајќи полиција го забавиле возилото. Возачот на автомобилот кој се движел зад нив, извесен Гарет Вилхелм, не забележал дека тие запреле, и бидејќи во тоа време комуницирал преку FaceTime, со голема брзина удрил во нивното возило. Во инцидентот сите членови на семејството Модизет се здобиле со сериозни повреди, а една од ќерките лекарите не успеале да ја спасат.

Според извештајот на телевизијата, сопружниците Модизет поднеле пред Високиот суд на Калифорнија тужба против Apple на 23-ти декември минатата година, обвинувајќи ја компанијата затоа што на своите уреди не инсталирала сигурносна конфигурација, а исто така не предупредувала не само за опасноста од користење на нивните производи, туку и е дека е неисправно нивното користење при големи брзини, и покрај тоа што за тоа веќе постоеле сите неопходни технички карактеристики.

Претходно Вилхелм бил обвинет за убиство од небрежноста и осуден на затворска казна. Тој излегол на слобода во август 2016 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.