x

Samsung C9 Pro: Најдобрата вредност за вашите пари?

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 10 Септември, 2017 од GSM.mk

Иако Samsung Galaxy C9 Pro беше претставен минатата година, во ноември, решивме да се навратиме на неговите спецификации и да ве потсетиме зашто C9 Pro е најверојатно смартфонот со најдобрата вредност за вашите пари..

Најпрво, C9 Pro доаѓа со одличен изглед. Има метален дизајн на задната страна и целосно стаклен преден дел со заоблени краеви, кои го прават елегантен. 

Интересно е што C9 Pro е првиот Galaxy уред кој доаѓа со 6GB RAM и стерео звучници. Содржи 6 инчен дисплеј со резолуција од 1080x1920 пиксели. Под хаубата се наоѓа Snapdragon 653, батерија од 4000mAh и 64GB меморија. 

На задната страна, се наоѓа 16 мегапикселна камера која е придружена од селфи камера со 16 мегапиксели. Достапен е во златна, розева и црна боја. 


Сите заинтересирани, може да го најдат уредот во Ledikom.mk, по одлична цена од 23,400 ден.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.