x

Samsung два пати по ред користи iPhone уред за промовирње на Note 9 на твитер!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 04 Декември, 2018 од GSM.mk

Твитер профилот на Samsung сподели промотивна порака за Note 9, но изгледа дека кој и да го напишач твитот, не користел Note 9 уред..

Станува збор за промотивна порака за Note 9, фокусирајќи се на неговиот Super AMOLED дисплеј. Но, кој и да го напишал твитот, не користел Note 9. Всушност, за работата да биде уште полоша, не бил користен било каков Samsung уред. 

Колку и да изгледа чудно, веднаш под твитот се гледа дека бил напишан од iPhone. Откако била откриена грешката, твитот бил веднаш избришан, заедно со целиот профил. За среќа (или несреќа на компанијата), и покрај тоа што бил избришан, голем дел од корисниците веќе направиле screenshot.


Минатиот месец, иста грешка се случи и со друга промотивна порака за Note 9, каде повторно беше користен iPhone уред. Можеби Samsung треба да подари неколку бесплатни Note 9 уреди на своите вработени, за во иднина да спречи други вакви засрамувачки и смешни инциденти. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.