x

Samsung Galaxy A21s ветува солидни спецификации и ниска цена!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Мај, 2020 од GSM.mk

Samsung сподели дека следниот уред во Galaxy A серијата, кој ќе биде A21s, ќе доаѓа со моќни карактеристики, а ниска цена...

Galaxy A21s ќе има голем дисплеј со селфи камера во горниот лев агол и пластична конструкција. За жал скенерот за отпечатоци нема да биде сместен под екранот, туку на задниот дел. Заедно со него ќе има систем од четири камери во форма на "L" буквата. Од нив, главната ќе биде од 48 мегапиксели, 8 мегапикселна ултраширокоаголна, 2 мегапикселна за портрети и 2 мегапикселна макро леќа. Селфи камерата ќе биде од 13 мегапиксели.

Според гласините, под хаубата ќе се наоѓа Exynos 850. Ќе бидат достапни неколку варијанти - 3GB RAM со 32GB меморија, 4GB RAM со 64GB меморија и 6GB RAM со 64GB меморија. Уште една продажна точка ќе биде големата батерија од 5000 mAh.

Цената официјално не е позната, но ќе биде околу 200 евра во Европа. Ќе биде најавен на 19 јуни.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.