x

Samsung Galaxy A31: Голема батерија, AMOLED екран и четири камери!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Март, 2020 од GSM.mk

Samsung го практикува претставувањето на нови смартфони од средна класа секогаш кога има шанса, а последно беше ред на Galaxy A31:

Samsung Galaxy A31 доаѓа со 6.4 инчен Infinity-U AMOLED дисплеј со висок тело-дисплеј сооднос од 20:9 и резолуција од 2400 x 1080 пиксели. Ова е придружено од тенки рамки и скенер под панелот. Истотака, има мал notch во средината за 20 мегапикселната селфи камера.



Samsung Galaxy A31 arrives with 48MP quad-camera, huge battery, AMOLED display

На задниот дел од уредот се наоѓа систем од четири камери со дизајн како кај Galaxy S20 серијата. Главната камера е од 48 мегапиксели со четири-во-еден пиксел технологија за подобри, 12 мегапикселни слики. Има и 8 мегапикселна ултраширокоаголна камера со 5 мегапикселна камера за портрети и 5 мегапикселен макро сензор. 

Уредот работи на моќен octa-core процесор со голема батерија од 5000 mAh и брз полнач од 15W. Доаѓа и со 4GB RAM и 64GB меморија која може да се прошири до 512GB. Достапен е во сина, црвена, црна и бела боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.