x

Samsung Galaxy A6 (2018): Буџетски смартфон со солидни спецификации

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 25 Јуни, 2018 од GSM.mk

Пред почетокот на 2018 година, Samsung најави голем број уреди од средната класа, меѓу кои се наоѓаше и Galaxy A6 (2018) - смартфон сличен на Galaxy J7 Pro, но со неколку значителни подобрувања во дизајнот и перформансите

Сите заинтересирани, може да го најдат Galaxy A6 (2018) во Ledikom.mk, по цена од 17190 денари. 

Galaxy A6 (2018) е импресивен уред, кој иако од средната класа, вклучува премиум дизајн и Always-on дисплеј. Кога сме кај дисплејот, станува збор за 5.6 инчен Super AMOLED панел, со резолуција од 720 x 1480 пиксели и 18:9 сооднос. 

Во споредба со Galaxy J7 Pro и Galaxy A8 (2018), А6 има потенко алуминиумско тело, придружено од стаклена конструкција. Една негативност, особено кај моделот со црна боја, е што токму поради стаклениот и елегантен дизајн, отпечатоците од прсти се познаваат многу. 


Во внатрешноста, се наоѓа Exynos 7870, придружен од 4GB RAM и 64 GB меморија. На задната страна, вклучува камера од 16 мегапиксели со LED блиц и автофокус, а на предната страна истотака се наоѓа камера од 16 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци се наоѓа на задната страна. Работи на батерија од 3000mAh.


Достапен е во сина, црна, златна и виолетова боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.