x

Samsung Galaxy A7 (2018): Телефонот со три камери кој прави магични фотографии

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 21 Ноември, 2018 од GSM.mk

Samsung Galaxy A7 е уред кој ќе го забележите поради неговиот изглед, ќе му обрнете повеќе внимание поради дисплејот и ќе го купите поради неговите камери.

Доколку сте во потрага по уред од средната класа со премиум изглед и перформанси, Galaxy A7 може да го најдете во Ledikom.mk, по одлична цена од 18390 денари.

Samsung продолжува да експериментира со уредите од Galaxy A серијата. Станува збор за одлично балансирани смартфони кои ви нудат камери со кои може да бидете креативни. Сето тоа е поткрепено со голем панел, моќни перформанси и импресивна батерија. Токму поради тоа, Galaxy A7 (2018) е уред наменет за секого. 

Клучни карактеристики:

  • Три задни камери
  • 6 инчен FHD Super AMOLED дисплеј
  • Изгледа на премиум смартфон, има просечни перформанси

Почнувајќи од неговиот дизајн, Galaxy A7 е првиот телефон на Samsung со три камери на задната страна. Во однос на изгледот, како што рековме уредот доаѓа со 6 инчен Super AMOLED дисплеј, со резолуција од 1080x2220 пиксели и 18.5:9 сооднос. Слично како неговиот претходник, на предната и задната страна има стаклена конструкција, која му дава премиум изглед, придружена од пластична рамка. На прв поглед, веднаш се забележува дека станува збор за Samsung телефон.


Како што рековме, и покрај премиум дизајнот, сепак станува збор за смартфон од средната класа. Во внатрешноста се наоѓа Exynos 7885 процесор, придружен од 4/6 GB RAM и 128GB меморија. Со батерија од 3300mAh, Galaxy A7 е импресивно оптимизиран да нуди голема моќ и ефикасност. Со нормално користење, батеријата издржува околу 8 часа, а за повторно полнење од 0 до 100% се потребни околу 2 часа. 

Една од најинтересните карактеристики со кои доаѓа A7 се трите камери на задната страна. Станува збор за 24 мегапикселна главна камера, придружена од 8 мегапикселен широкоаголен сензор и 5 мегапикселен сензор наменет за портрети. Апликацијата за камерата нуди голем број функции кои ви овозможуваат да бидете креативни со вашите фотографии. 


Се на се, Samsung Galaxy A7 (2018) е уред кој дефинитивно ќе ве привлече со својот премиум дизајн и моќни спецификации, иако станува збор за смартфон од средната класа. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.