x

Samsung Galaxy A71 5G пристига наскоро со Exynos 980!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Март, 2020 од GSM.mk

Samsung Galaxy A71 беше најавен во јануари, а наскоро ќе пристигне и неговата 5G верзија..

Овој уред од средна класа ќе работи на Exynos 980 со интегриран 5G модем. Во моментот не се достапни фотографии од неговиот официјален дизајн.

На задниот дел ќе доаѓа со четири камери - главна од 64 мегапиксели, втора од 12 мегапиксели и уште две кои не се познати. Селфи камерата ќе биде од 32 мегапиксели. Батеријата во внатрешноста ќе биде голема, од 4370 mAh - малку поголема од онаа на S20. Ќе има и 8GB RAM, заедно со 128GB меморија. 

Galaxy A71 5G ќе тежи 185 грама и ќе има димензии од 162.6×75.5×8.1mm. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.