x

Samsung Galaxy A8 Plus (2018) изгледа прекрасно во новите слики кои се појавија од неговиот дизајн

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 05 Декември, 2017 од GSM.mk

Се појавија неколку шпекулации за плановите кои ги има Samsung за новите уреди во А серијата. Една од најголемите промени, кои се забележуваат и на сликите од Galaxy A8+ (2018) е недостатокот на Home копче..

Благодарение на недостатокот на Home копчето, смартфонот вклучува Infinity Display и минимални рамки. Поради отстранувањето на Home копчето и минамалните рамки Galaxy A серијата се повеќе личи на Galaxy S смартфоните. 

Еден од уредите кои знаеме дека Samsung сигурно ќе го претстави е Galaxy A7 (2018). Неколку фотографии од него се појавија на кинеската страна, Weibo. Но, смартфонот нема да биде претставен на пазарот како Samsung Galaxy A7 (2018), како што беше очекувано. Една од сликите открива дека името на уредот е всушност Galaxy A8+ (2018), што значи дека најверојатно ќе има и обична Galaxy A8 (2018) верзија. 


За жал, за целосниот дизајн и листа на целосни спецификации на уредот ќе треба да почекаме до неговото претставување. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.