x

Samsung Galaxy A8 Plus (2018) ќе биде претставен на 20 јануари

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Јануари, 2018 од GSM.mk

Откако го претстави Galaxy A8 Plus (2018), Samsung најави дека продажбата на уредот ќе започне на 20 јануари..

Galaxy A8+ (2018) доаѓа со 6 инчен Super AMOLED дисплеј, резолуција од 1080 x 2220 пиксели и 18:9 сооднос. Во внатрешноста се наоѓа Exynos 7885, 6GB RAM и 64GB меморија. Работи на батерија 3500mAh и Android Nougat.

На задната страна се наоѓа главната камера од 16 мегапиксели, а на предната страна се наоѓаат две камери, од 16 и 8 мегапиксели. Како што рековме, продажбата на Galaxy A8+ (2018) ќе започне на 20 јануари, по цена од 518 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.