x

Samsung Galaxy A8s и Huawei Nova 4: Кој ќе биде првиот смартфон со селфи камера под дисплејот?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 04 Декември, 2018 од GSM.mk

Samsung и Huawei речиси во исто време ќе ги претстава првите смартфони со селфи камера под дисплејот. Но, кој од нив ќе биде вусшност првиот?

Иако речиси истовремено, сепак Samsung ќе биде првата компанија во светот која ќе претстави смартфон со селфи камера под дисплејот. Веројатно не е никаква случајност што двете компании во ист ден на Weibo официјално ги најавија датумите на претставување на двата уреди. 

Официјалното претставување на Galaxy A8s ќе биде на 10 декември, додека Nova 4 ќе пристигне една недела подоцна, на 17 декември. Двете компании споделија речиси исти промотивни фотографии од смартфоните, заедно со датумите. 

И Galaxy A8s и Huawei Nova 4 ќе го имаат истиот (речиси) full-screen дизајн на дисплејот со минимални рамки од страните, без notch, и камера под панелот. По претставувањето во Кина, и дваат уреди ќе бидат достапни на глобално ниво. 

Возбудени? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.