x

Samsung Galaxy C9 Pro: Телефон кој ќе ве освои!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 02 Август, 2017 од GSM.mk

Претставен на почетокот од годината, Galaxy C9 Pro успеа да освои повеќе срца од очекуваното и да се продаде во големи колични. Ајде да видиме зошто е тоа така:

Телефонот може да го најдете уредот во Ledikom.mk, по одлична цена од 23,400 денари.

Дизајн

Благодарение на 6 инчниот дисплеј, Galaxy C9 Pro е голем и тежок уред. Не е тежок колку A9 Pro, поради помалата батерија од 4000mAh и не е толку обемен. Всушност, C9 Pro е доста тенок уред со оглед на тоа што го нуди. Доаѓа со метален дизајн, благодарение на кој добивате чувство на премиум смартфон. Во целост, станува збор за типичен Samsung телефон. Единствена разлика се трите линии над камерите од задната страна кои се одличен додаток.

Дисплеј

Како што рековме, уредот има 6 инчен Full HD AMOLED дисплеј. Има одлични контрасти, со длабоки црни нијанси и широки агли за гледање. Благодарение на неговата големина, може да ги гледате вашите омилени серии на Netflix или пак долгите Youtube видеа без да ве болат очи. 

Камера

Да започнеме од предната, т.н селфи камера. 16 мегапиксели звучат одлично за вашите селфи фотографии, нели? За жал, поголемиот број пиксели не секогаш значи и подобри слики. Како и кај А (2017) серијата, Samsung не успеа да ги искористи големиот број пиксели за подобар ефект. Сликите се далеку од лоши, но со оглед на својот потенцијал можеле да бидат многу подобри. За среќа, 16 мегапикселната задна камера се покажа одлично. Со неа, може да правите професионални фотки без некој да примети дека станува збор за слики правени со телефон.

Перформанси

Snapdragon 653 и 6-те GB RAM се погрижија C9 Pro да нуди одлични и брзи перформанси во секое време. Апликациите се уклучуваат брзо, а играњето игри како Modern Combat 5 и Asphalt 8 е без никаков проблем. Можеби единствена лоша страна е скенерот за отпечатоци, кои честопати се случува да не го препознае отпечатокот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.