x

Samsung Galaxy Folder: Користењето телефон на преклопување во 2018 е кул!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 02 Септември, 2018 од GSM.mk

Доколку ви е здосадено од модерните уреди кои доаѓаат со огромни екрани и премногу моќни спецификации, во Ledikom.mk го има уредот за вас - Galaxy Folder!

Очигледно од името, станува збор за телефон на преклопување, кој прв пат беше претставен во 2015 година. Како што може да претпоставите, уредот не нуди моќни спецификации или голем дисплеј како поголемиот дел од денешните смартфони, што можеби е и негова најголема предност. 

Galaxy Folder доаѓа со 3.8 инчен TFT дисплеј, резолуција од 480 x 800 пиксели и 5:3 сооднос. Во внатрешноста се наоѓа Quad-core процесор, 8GB меморија и 1.5GB RAM. Работи на батерија од 1800mAh, која ветува издржливост до 10 часа при зборење и 32 часа при слушање музика. 

Иако станува збор за постар телефон, Galaxy Folder сепак има и предна и задна камера, од 8 и 2 мегапиксели - повеќе од доволно за секојдневни фотки. Достапен е во црна и бела боја. 

Па, доколку сте заинтересирани во ретро телефон, или не сте љубител на новите "фенси" смартфони со премногу опции и апликации и преголеми екрани, Galaxy Folder може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од 11,690 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.