x

Samsung Galaxy J5 (2017): Официјални спецификации!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Мај, 2017 од GSM.mk

Samsung се очекува да ги претстави новите телефони во J серијата оваа година. Сите ќе припаѓаат на средната класа и се познати под имињата: Galaxy J3, Galaxy J5 и Galaxy J7 (2017).

Туку што се појавија спецификациите за еден од трите смартфони, Galaxy J5, кој би требало да биде претставен во Европа. 

Станува збор за премиум модел, благодарение на неговото метално тело и нов дизајн. Покрај изгледот, и неговите спецификации не се лоши. Доаѓа со Exynos 7870 процесор, 2GB RAM и 16GB меморија. 

Покрај тоа, има 5.2 инчен Super AMOLED дисплеј, со HD (720p) резолуција. На задната и предната страна има камери кои содржат по 13 мегапиксели. Доаѓа со Android 7.0 Nougat и батерија од 3000mAh.

Се очекува да биде претставен во јуни, по цена од 279 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.