x

Samsung Galaxy J6: 18:9 дисплеј и 3GB RAM

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Април, 2018 од GSM.mk

Конечно беше потврдено постоењето на новиот нискобуџетен телефон на Samsung, заедно со дел од неговите спецификации. Ова е Galaxy J6:

Galaxy J6 ќе доаѓа со 5.6 инчен дисплеј со 18:9 сооднос. Сега за сега, не се познати повеќе информации за неговиот екран, така што неговата резолуција и технологија (AMOLED или LCD?) се мистерија.

Покрај дисплејот, дознавме уште некои спецификации за уредот, благодарение на GeekBench. Под хаубата на J6 ќе се наоѓа Exynos 7870 процесор, придружен од 3GB RAM. Ќе работи на Android 8.0 Oreo.

Screenshots from the Galaxy J6 hint at 18 by 9 display ratio


Сеуште не знаеме кога ќе биде точно претставен, но го очекуваме во мај. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.