x

Samsung Galaxy J6 (2018) доаѓа на 25 мај по цена од 200 долари!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Мај, 2018 од GSM.mk

Четири нови смартфони во Samsung Galaxy J серијата ќе бидат претставени оваа година. Меѓу нив, Galaxy J6 (2018) е Android уред од средната класа кој официјално ќе биде најавен при крајот на месецот..

Според новите информации, Galaxy J6 (2018) ќе биде претставен на 25 мај во Индија. Ќе биде достапен во две верзии, од кој едната ќе чини 205 долари, а другата ќе биде 245 долари. 

Заедно со информациите, се појави и постер кој открива дел од неговите спецификации. Galaxy J6 (2018) ќе вклучува 5.6 инчен Super AMOLED Infinity дисплеј со 18.5:9 сооднос и 720 x1480 пиксели. Во внатрешноста, ќе се наоѓа Exynos 7870, 3GB или 4GB RAM и 32GB или 64GB меморија. 

Задната камера ќе биде од 13 мегапиксели, а предната од 8 мегапиксели. Ќе работи на батерија од 3,000 mAh, скенерот за отпечатоци ќе биде на задната страна и доаѓа со Android 8.0 Oreo.


Иако претставувањето на Galaxy J6 (2018) е закажано за 25 мај во Индија, тоа не значи дека можеби нема да биде најавен порано во други земји. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.