x

Samsung Galaxy J6 (2018): Први фотографии

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Мај, 2018 од GSM.mk

Samsung наскоро планира да претстави нов уред од средната класа, Galaxy J6 (2018). Веќе некое време зборуваме за телефонот, така што сигурно сте слушнале за него, а сега ги имаме и првите фотографии од неговиот изглед:

Winfuture.de сподели слики од смартфонот, иако сеуште не е официјало најавен. Ненајавениот уред ќе биде достапен во три бои: црна, златна и сива. Иако цената не е позната, најверојатно ќе биде околу 250 евра. 

За жал, сликите не доаѓаат со информации за неговите спецификации, но очекуваме octa-core Exynos 7870 процесор, 2 или 3GB RAM и 32 или 64GB меморија. Скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа на задната страна, заедно со 13 мегапикселна камера. На предната страна, доаѓа со 5.6 инчен Super AMOLED Infinity дисплеј со 18:9 сооднос и селфи камера од 8 мегапиксели. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.