x

Samsung Galaxy J6 Plus: Најмоќниот буџетски смартфон за 2018 година?

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 22 Ноември, 2018 од GSM.mk

Светот на Galaxy уреди не започнува со S серијата и не завршува со Note смартфоните. Всушност, Samsung нуди голема низа телефони за сечии преференции и погодни за сечиј џеб. Еден таков уред е Galaxy J6 Plus:

Доколку сте во потрага по моќен уред со буџетска цена, J6 Plus може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од 11390 денари. 

На прв поглед, Galaxy J6 Plus може дефинитивно да го помешате со уред кој чини можеби и три пати повеќе од неговата цена. Но, кога ќе го погледнете од поблиску, ќе сфатите дека дефинитивно станува збор за уред од средната класа, што и не е толку лоша работа. 

Како што може да претпоставите од неговото име, станува збор за голем смартфон, со 6 инчен HD+ дисплеј, резолуција од 720x1480 пиксели и 18.5:9 сооднос. Големиот дисплеј е одличен за мултитаскинг, гледање видеа и работење во повеќе апликации во исто време. Интересно е што доаѓа без Home копче, а скенерот за отпечатоци има нова позиција, од страна. За разлика од поголемиот број смартфони на пазарот кој доаѓаат во "досадни бои", Galaxy J6 Plus нуди една позабавна и светла, црвена, верзија. Се разбира, оние кои се во потрага по покласична боја, може да одберат меѓу црн, син и сив модел. 

Следејќи го трендот на модерните смартфони, J6 Plus има две камери на задните страни. Станува збор за 13 мегапикселен главен сензор, придружен од 5 мегапикселна камера, додека за вашите селфиња ќе се погрижи предната камера од 8 мегапиксели со LED блиц. 


Во однос на внатрешните спецификации, уредот доаѓа со Snapdragon 425 процесор, заедно со две верзии - една со 3GB RAM и 32GB меморија и друга со 4GB RAM и 64GB меморија. Батеријата е од 3300mAh. 

Првите импресии се дефинитивно позитвни. Добивате солиден смартфон со две задни камери и голем дисплеј - сетоа тоа по буџетска цена. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.