x

Samsung Galaxy J8: До бесконечноста на буџет!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 02 Септември, 2018 од GSM.mk

Покрај одличните премиум смартфони, Samsung постојано произведува и одлични уреди од средната класа, за оние кои не планираат да трошат многу пари на телефон. Еден од поновите такви смартфони на компанијата е Galaxy J8. Еве што мислиме за него:

Сите заинтересирани може да го најдат Galaxy J8 во Ledikom.mk, по одлична цена од 15,390 денари!

Во однос на изгледот, Samsung следи одреден дизајн во однос на своите уреди од средната класа, што и не е така лоша работа. Galaxy J8 го има истиот дизајн како и неговите "браќа" од A и J сериите. Доаѓа со пластично и компактно тело. Од друга страна, целосниот дизајн не е она што првично ќе ве привлече кон J8, туку неговиот висок и модерен дисплеј. Станува збор за 6 инчен HD+ Super AMOLED Infinity дисплеј, со резолуција од 720 x 1480 пиксели и 18.5:9 сооднос. 

И покрај тоа што станува збор за уред од средната класа, како и повеќето популарни смартфони во денешно време, J8 доаѓа со две вертикално поставени камери на задната страна, од 16 и 5 мегапиксели, придружени од LED блиц. За селфи фотографиите ќе се погрижи камерата од 16 мегапиксели, повторно со LED блиц. Веднаш под камерите, на задната страна се наоѓа скенерот за отпечатоци. 

Фотографии со J8:


Во однос на внатрешните спецификации, доаѓа со Snapdragon 450 процесор, придружен од две верзии - една со 4GB RAM и 64GB меморија и друга со 3GB RAM и 32GB меморија. Иако можеби не станува збор за најбрзиот процесор достапен на пазарот, Snapdragon 450, заедно со останатите спецификации, е и повеќе од доволен за секојдневни активности и гејмање. Работи на батерија од 3500mAh. 

Достапен е во црна, сина, златна и виолетова боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.