x

Samsung Galaxy M10: Добри камери, солидни перформанси и одлична вредност за вашите пари!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 07 Март, 2019 од GSM.mk

По неколку години фокусирајќи се генерално на своите премиум уреди, Samsung започна повторно да посветува повеќе внимание на своите буџетски корисници, претставувајќи ја новата Galaxy M серија:

Станува збор за нова серија смартфони од средната класа на Samsung, кои нудат солидни спецификации и одличен дизајн, но сето тоа по значително пониска цена од премиум уредите достапни на пазарот.

На прв поглед Galaxy M10 наликува на неговиот поголем брат Galaxy M20, со единствена разлика во скенерот за отпечатоци. Новата M серија доаѓа со пластичен, но сјајен дизајн на задната страна, благодарение на кој уредот добива попремиум изглед. На предната страна доминира 6.2 инчниот панел, со резолуција од 720 x 1520 пиксели и висок тело-дисплеј сооднос од 19:9. Го вклучува новиот  Infinity-V дизајн на Samsung, кој се состои од висок дисплеј и дупка во средината од панелот на горната страна, наменета за селфи камерата.


Кога сме кај камерите, на задниот дел се наоѓа систем од две камери, кои се од 13 и 5 мегапиксели. Предната камера е истотака од 5 мегапиксели. За неговите брзи перформанси ќе се погрижи Exynos 7870 процесорот, заедно со 3GB RAM и 32GB меморија. Батеријата е од 3,400mAh. 

Позитивно:

  • Прекрасен дизајн
  • Лесен
  • Голем дисплеј
  • Брзи перформанси
  • Најдобри камери во својата класа
  • Фантастична батерија
  • Добра вредност за парите

Негативно:

  • Спор Face ID
  • Не поддржува брзо полнење
  • Нема скенер за отпечатоци
Доколку сте во потрага по смартфон со одлични перформанси, убав дизајн, а ниска цена, Samsung Galaxy M10 може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од 9,790 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.