x

Samsung: Galaxy Note 10 ќе доаѓа со радикални промени кај камерите!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Јуни, 2019 од GSM.mk

Откако Galaxy S9 беше претставен со S Pen пенкалото на Note 9, изгледа дека сега Samsung подготвува и неколку радикални промени за следниот уред во Note серијата - Note 10..

Според Ice Universe на твитер, Note 10 уредите ќе доаѓаат со две радикални промени кај камерите и кај аудио технологијата.

Најпрво, можеби најголемата промена е што прв пат ќе видиме повеќе од еден Note уред. Со Note 10 серијата, Samsung ќе претстави најмалку 2 верзии.

Кога беа претставени S9 и S9 Plus, најголем дел од вниманието беше посветен на двете камери на задната страна. Покрај подобрената резолуција, Samsung додаде и неколку скриени подобрувања, како што е Dual Aperture технологијата.

Samsung's Dual Aperture feature made its debut on the Galaxy S9 and S9+

Со помош на неа, двата телефони можеа лесно да менуваат меѓу F2.4 за фотографии направени на дневна светлина и F1.5 за оние направени во потемни средини. Истиот трик беше вметнат и во главната камера на Note 9, како и кај целата S10 серија. Со Galaxy S10, Samsung планира уште повеќе да ја подобри оваа технологија, која отсега ќе биде во три фази. Иако останува да видиме како ќе изгледа во вистински живот, со оваа промена би требало уредите да нудат уште подобри слики, со поизразени бои и при екстремно светли и при екстремно темни ситуации.

Како и Galaxy S10, и Note 10 ќе има мала дупка во панелот за селфи камерата. Но, покрај селфи камерата, уште една работа ќе биде различна на предниот дел на Note 10. Според фотографиите кои се појавија, Note 10 ќе доаѓа без физичкиот и традиционален звучник, со цел серијата да има вистински "full screen" панел.

Слично како LG G8, телефонот најверојатно ќе го користи целиот дисплеј како звучник - технологија позната како Sound on Display.

The LG G8 ThinQ sports Crystal Sound OLED Speaker technology

Како и секоја година, Note 10 уредите ги очекуваме во август.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.