x

Samsung Galaxy Note 10 ќе има камера од 64 мегапиксели!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Мај, 2019 од GSM.mk

Наскоро, 48 мегапикселните камери кај смартфоните нема да бидат најголемата резолуција која сме ја виделе досега...

Пред неколку дена, Samsung претстави нов 64 мегапикселен ISOCELL Bright GW1 сензор, со големина на пиксели од 0.8μm - најмала досега достапна на пазарот. Покрај неа, компанијата претстави и 48 мегапикселен сензор, ISOCELL Bright GM2, повторно со големина од 0.8μm. Инаку ISOCELL технологијата прв пат беше претставена во 2013 година. Samsung претстави пиксели со големина од 1.0μm во 2015 година и 0.9μm во 2017 година. Помалите пиксели им овозможуваат на компаниите да сместат поголем број на пиксели кои нудат подобар квалитет.

Според Samsung, 64 мегапикселниот сензор ќе придонесе за поквалитетни фотографии, со поголем фокус на детали. Со спојувањето на 4 пиксели во еден, сензорот може да произведе 16 мегапикселни фотографии при ниска светлина.

Инаку, ова е прва година како ќе бидат претставени 2 Note модели. Од нив, едниот ќе има 6.3, а другиот ќе има 6.8 инчен панел. И двата ќе доаѓаат со 5G технологија.

Претставувањето на новите Galaxy Note 10 модели го очекуваме во август.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.