x

Samsung Galaxy Note 10: Први 3D фотографии!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Март, 2019 од GSM.mk

Претставувањето на Note 10 ќе биде за неколку месеци, но веќе се појавија први фотографии од уредот. Да погледнеме за што станува збор:

Иако не сме запознаени со сите негови спецификации, фотографиите покажуваат дел од карактеристиките на неговиот дизајн.

Имено, една фотографија го покажува изгледот на задната страна. Смартфоните започнаа да имаат по две камери на задниот дел, потоа три, а сега премиум уредите доаѓаат со дури четири сензори. Ова е и една од најважните карактеристики на Note 10, слично како кај S10 5G. Кај S10 5G, четирите камери се составени од 12 мегапикселен сензор со нормална леќа, втор 12 мегапикселен сензор со 2x зум, 16 мегапикселна широкоаголна леќа и 3D камера корисна за 3D скенирања, виртуелна реалност и слично. Бидејќи до претставувањето на Note 10 има неколку месеци, карактеристиките на камерите сеуште не се официјално потврдени.

Samsung Galaxy Note 10 visualized in new 3D renders

Image comparison

Откако Samsung го претстави "новиот" Infinity Display дизајн, сите нови уреди започнаа да доаѓаат со ваков изглед. Како и останатите, и Note 10 ќе има ваков голем дисплеј со дупка наменета за селфи камерата. Поконкретно, станува збор за Infinity-O дизајн со минимални рамки. Заедно со четирите камери на задната страна, на предниот дел ќе има две селфи камери. Истотака, скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа под дисплејот.

Samsung Galaxy Note 10 visualized in new 3D renders

За разлика од останатите Note уреди, Note 10 ќе доаѓа во најмалку четири бои - жолта, зелена, сина и розева. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.