x

Samsung Galaxy Note 10 vs S10 Plus: Кои се разликите?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Август, 2019 од GSM.mk

Note 10 беше претставен пред неколку дена, а неодамна истотака се запознавме со уште еден моќен уред од Samsung, S10 Plus. Кои се разликите меѓу овие два уреди?

1. Различна резолуција

Note 10 е само 0.1 инч пomal од S10 Plus, што е логично, бидејќи постои и поголема верзија од Note 10, со уште поголем дисплеј. Изненадувачкиот дел е во резолуцијата на Note 10 која е само 1080x2280 пиксели, во споредба со резолуцијата од 1440x3040 пиксели на S10 Plus. И покрај тоа, дисплејот на Note 10 е импресивен, со минимални рамки и тело-дисплеј сооднос од 90%.

2. Миграција на селфи камерата

Samsung Galaxy Note 10 vs Galaxy S10+: main differences and new features

Иако Note 10 повторно доаѓа со дупка во панелот, овој пат наместо во десниот агол ќе се наоѓа во средината.

3. S Pen пенкало

Samsung Galaxy Note 10 vs Galaxy S10+: main differences and new features

Тука нема многу објаснување. За разлика од S10, Note 10 доаѓа со S Pen пенкало, како и секоја година.

4. Помала батерија

За жал, благодарение токму на S Pen пенкалото и неговата конекција батеријата на Note 10 е помала. Уредот доаѓа со капацитет од 3,500 mAh, 600mAh помала од онаа на S10 Plus, односно 15%.

5. Побрзо полнење

Од друга страна, иако доаѓа со помала батерија, благодарение на “Superfast Charge” полначот, кој беше претставен со S10 5G, неговото полнење е брзо и лесно. S10 Plus ја нема оваа опција.

6. Двојно повеќе меморија

Уште една голема предност за Note 10 - има 256GB меморија, двојно повеќе од најевтината S10+ верзија.

7. Збогум на Micro SD и отворот за слушалки

Note 10 и S10 Plus беа претставени во рок од 6 месеци, но тоа беше доволен период за Samsung да направи големи промени. Иако компанијата го задржа отворот за слушалки подолго од останатите смартфон комапниите, со Note 10 Samsung се збогуваше и со него и со MicroSD отворот.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.