x

Samsung Galaxy Note 7 (FE) распродаден два месеци по претставувањето!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Септември, 2017 од GSM.mk

Обновениот Galaxy Note 7, истотака познат како Fan Edition, беше претсавен на почетокот од јули во Јужна Кореја. Два месеци по претствавувањето, уредот е распродаден...

За жал, Samsung нема планови за повторна продажба на Galaxy Note 7 (FE) единици. Уредот се продаваше за 620 долари, околу 265 долари помалку од оригиналниот Galaxy Note 7. Компанијата продаде околу 400,000 единици. 


Обновениот модел доаѓа со батерија од 3200mAh, малку помала од онаа на Note 7 која беше oд 3500mAh и причината за сите проблеми со уредот. Покрај оваа разлика, Note 7 (FE) и оргиналната верзија се речиси исти. 

Пред неколку дена беше претсавен и новиот смартфон во серијата, Galaxy Note 8, чија цена ќе биде околу 960 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.