x

Samsung Galaxy Note 9 Crown: Дизајн, спецификации, цена и достапност

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Август, 2018 од GSM.mk

Без сомнеж, Galaxy Note 9 е еден од најочекуваните уреди за оваа година. Затоа решивме додека го чекаме неговото претставување, закажано на 9 август, да се запознаеме со спецификациите и дизајнот на една од неговите верзии - Galaxy Note 9 Crown:

Дизајн

Во однос на дизајнот, не очекуваме големи промени кај Note 9 спрема неговиот претходник. Infinity дисплејот дефинитивно ќе го видиме повторно, бидејќи Samsung беше една од првите компании кои го започнаа овој тренд. Сигурни сме дека Note 9 ќе се разликува од Note 8 исто колку што Galaxy S9 се разликуваше од S8 - речиси исти уреди, со неколку подобрувања во дизајнот и изгледот. 


Expected differences between the Note 8 and the Note 9

Galaxy Note 9


Дисплеј

Како што рековме, Note 9 ќе доаѓа со истиот Infinity дисплеј како останатите уреди на компанијата, најверојатно со смалени рамки од сите страни. Станува збор за 6.4 инчен Super AMOLED панел со 18.5:9 сооднос и резолуција од 2960x1440 пиксели. Еден начин на кој Samsung може да не изненади во однос на дисплејот е доколку додаде скенер за отпечатоци под него. Останува да видиме дали конечно компанијата успеа да ја совлада оваа технологија.


Камери

Како и со целосниот дизајн на уредот, не очекуваме големи промени ниту кај камерите. Најверојатно ќе го видиме истиот, или сличен состав како оној на Galaxy S9 Plus - две камери на задната страна и една селфи камера со софтверски подобрувања и подобар квалитет. Задните камери ќе бидат од 12 мегапиксели, а селфи камерата од 8 мегапиксели. 

Samsung Galaxy Note 9 "Crown" rumor review: Design, specs, camera, price & release date


Спецификации

Изгледа дека S Pen пенкалото ќе биде едно од најголемите подобрувања кои ќе ги видиме кај новиот уред. Покрај него, во внатрешноста на Note 9 Samsung ќе го искористи Snapdragon 845, придружен од 6 или 8GB RAM. Друга поголема промена ќе биде кај батеријата, со 20% повеќе капацитет - 4000 mAh и ќе издржува цели 2 дена. Последно, се зборува дека ќе биде достапна Note 9 верзија со 512GB меморија. 

Samsung Galaxy Note 9 "Crown" rumor review: Design, specs, camera, price & release date


Цена и достапност

Веќе сите знаеме дека Galaxy Note 9 пристигнува на 9 август. Во однос на цената, очекуваме да биде малку поскап од Note 8. Неговата почетна цена беше околу 900 долари, а кај Note 9, очекуваме цена од 950 до 1000 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.