x

Samsung Galaxy Note 9 корисниците имаат проблем со дисплејот!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 08 Април, 2020 од GSM.mk

Galaxy Note 9 сопствениците наидоа на досаден проблем со екраните..

Во случај Galaxy Note 9 сопствениците да не беа доволно потресени со големата можност уредите да не го добијат новиот One UI 2.1 update, голем дел од нив сега имаат и проблем со екраните.

На официјалната веб-страна на Samsung во Америка, се поголем број од корисниците изгледа дека го доживуваат истиот проблем. Од еден до друг уред, проблемот е различен, но дефинитивно сите се поврзани и најверојатно предизвикани од ист дефект. Иако ваквите Note 9 уреди сеуште може да се користат, сепак сопствениците имаат потешкотии со користење на панелот откако проблемот со боите на дисплејот ќе биде присутен неколку часа. 

Many Samsung Galaxy Note 9 users are experiencing some horrible display issues

Сега за сега, нема никакво решние што може да го врати екранот во нормала, а Samsung нема дадено официјална изјава во врска со ситуацијата. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.