x

Samsung Galaxy S10 Plus е најомилениот смартфон за 2019 година: Ова е целата листа!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јуни, 2019 од GSM.mk

Има низа одлични смартфони на пазарот, особено во последните неколку години, но само дел од нив се фаворити меѓу корисниците..

Се разбира, на првото место успеа да се најде само еден уред, а тоа е... Galaxy S10 Plus! Како мало потсетување, станува збор за најголемиот уред во новата S10 серија на Samsung, кој се најде на првото место со 24% од вкупните гласови.

Веднаш зад него се најде новопретставениот OnePlus 7 Pro. Овој уред доби 16% од вкупните гласови. Третото место го зафати Huawei P30 Pro со 13.5% од гласовите. Најверојатно, овој смартфон е фаворит меѓу корисниците поради своите уникатни камери со x5 и x10 зум - значително повеќе од другите уреди.

Интересно е што на четврто место се најде Xiaomi Mi 9, додека на петто е Sony Xperia 1. Она што е уште поинтересно е што дури на шесто и седмо место се најдоа два други Galaxy модели, обичниот S10 и буџетскиот S10e. Истотака, Pixel серијата на Google се најде уште подоле на листата. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.