x

Samsung Galaxy S8 со Exynos 8895 постигна најдобри резултати на Geekbench досега!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Мај, 2017 од GSM.mk

Galaxy S8 и S8 Plus се сметаат за најдобрите Android телефони во моментов, и како што знаете, достапни се во две верзии: Една со Exynos 8895 и друга со Snapdragon 835,,

Верзијата со Snapdragon 835 е достапна за американскиот пазар, додека пак онаа со Exynos 8895 за остантите земји. Денеска, на Geekbench беше тестиран Galaxy S8 со Exynos 8895 и неговите резултатите се изненадувачки.

На Single-core тестовите постигна резултат од 2121, што е океј. Но, на Multi-core постигна 7101, што е еден од највисоките досега видени резултати кај било кој смартфон.

Како за споредба, Galaxy S8 со Snapdragon 835 постигна резултати од 2059 и 6461. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.