x

Samsung Galaxy S9 Plus прогласен за најдобар нов уред на MWC 2018!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 04 Март, 2018 од GSM.mk

Новиот уред на Samsung, Galaxy S9 Plus, кој беше претставен пред само неколку дена, веќе ја доби својата прва награда!

Samsung најави дека еден од најдобрите смартфони кои досега ги има направено, Galaxy S9 Plus ја доби титулата "најдобар нов уред" на GLOMO Awards церемонијата. Всушност, смартфонот доби повеќе од 30 награди на Mobile World Congress, благодарение на неговиот дизајн, напредни камери и моќни перформанси. 

Покрај Galaxy S9 Plus, уште неколку Samsung производи добија награди на MWC 2018 за нивната иновативна технологија, вклучувајќи ги Samsung Pay, Gear VR и Samsung DeX. Секој од овие уреди беше пофален на GLOMO настанот и доби неколку награди. 

На MWX, Samsung најави дека очекува продажбата на Galaxy S9 и S9+ очекува да биде подобра од онаа на нивните претходници.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.