x

Samsung Galaxy S9 Plus vs Galaxy Note 8

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Март, 2018 од GSM.mk

Шест месеци откако го претстави моќниот Note 8, Samusng го претстави премиум дуото за 2018 година - Galaxy S9 и S9 Plus. Бидејќи разликата меѓу времето кога се претставени е толку мала, решивме да погледнеме со какви разлики доаѓаат..

Дизајн

На прв поглед, Note 8 и Galaxy S9 изгледаат слично. Двата доаѓаат со премиум дизајн, составен од комбинација на стакло и метал, како и модерна технологија. Но, има и неколку разлики. Прво, Note 8 е малку повисок, поради поголемиот дисплеј со кој доаѓа - 6.3 инчен, наспроти 6.2 инчниот на Galaxy S9 Plus и со малку подебела долна рамка. Истотака, скенерот за отпечатоци кај Note 8 е сместен на задната страна до камерата, додека позицијата кај Galaxy S9 Plus е многу попрактична, под задната камера. Со други зборови, Galaxy S9 Plus е дефинитивно полесен за држење и раководење.

Интерфејс

Двата уреди доаѓаат со истиот Samsung Experience интерфејс, нормално со неколку разлики. Една од тие разлики е изгледот на камера апликацијата кај Galaxy S9 Plus. Потоа, кај Note 8 има голем број апликации кои се наменети за користење со S Pen пенкалото. Galaxy S9 Plus доаѓа со Android 8 Oreo, но update-тот наскоро го очекуваме и кај Note 8.

Galaxy S9 Plus

Galaxy Note 8

 

Камери

Samsung Galaxy S9+ vs Galaxy Note 8

Galaxy S9 Plus го усвои дуалниот систем камери на Note 8, со додавање на секундарна камера со оптички зум за портрети. Кај S9 Plus, камерите се поставени вертикално, додека кај Note 8 се наоѓаат една до друга. 

Galaxy S9 Plus

Note 8 
Galaxy S9 Plus
Note 8 
Galaxy S9 Plus
Note 8 
Galaxy S9 Plus
Note 8 
Galaxy S9 Plus
Note 8 

Издржливост на батериите

*повеќе е подобро

Samsung Galaxy S9+8h 5 min (Одлично)

Samsung Galaxy Note 8 7h 50 min (Добро)

Време потребно за полнење

*помалку е подобро

Samsung Galaxy S9+ 105 min

Samsung Galaxy Note 8 102 min


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.