x

Samsung Galaxy Tab A (2017): 8 инчен дисплеј и батерија од 5000mAh!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 11 Септември, 2017 од GSM.mk

Како и што беше очекувано, Samsung тивко го претстави новиот Galaxy Tab A (2017) таблет. Иако се зборуваше дека името на уредот ќе биде Samsung Galaxy Tab A2 S, јужнокорејската компанија одбра друго име..

Galaxy Tab A (2017) доаѓа со 8 инчен дисплеј и резолуција од 1280 x 800 пиксели. Под хаубата, се наоѓа Snapdragon 425 процесор, заедно со 2GB RAM и 16GB меморија. Има солидна, 8 мегапикселна, камера на задната страна и селфи камера од 5 мегапиксели.

Работи на батерија од 5000mAh и Android 7.1 Nougat. За оние кои се во потрага по евтин таблет, Galaxy Tab A (2017) чини само 285 долари, но сега за сега е достапен само во Виетнам. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.