x

Samsung Galaxy Tab S3 ќе чини 600 евра!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 15 Март, 2017 од GSM.mk

Овогодинешниот MWC не беше толку возбудлив за Samsung. Компанијата не ги најави долгоочекуваните Galaxy S8 модели, но, за среќа, најави нешто друго што голем број луѓе очекуваа: Galaxy Tab S3 таблетот!

Tab S3 ќе го содржи традиционалниот Super AMOLED дисплеј на Samsung и ново, подобрено S Pen пенкало. Во Европа, уредот ќе чини 680 евра за WiFi верзијата и 780 евра за онаа конектирана на LTE. 

Но, на Best Buy се појавија малку поразлични цени за уредот. Цената за WiFi верзијата на уредот ќе биде 600 евра. Сеуште не е позната цената за 4G варијантата, но најверојатно ќе биде околу 700 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.