x

Samsung Galaxy Tab S3: Се што треба да знаете!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 07 Февруари, 2017 од GSM.mk

Samsung веќе потврди дека нема да ги претстави S8 и S8 edge (Plus?) уредите на MWC 2017. Наместо нив, ќе добиеме нов додаток на Tab S линијата, која некое време беше запоставена. Еве се што треба да знаете за новиот уред:

                                                                 ДИЗАЈН

Во минатото, Samsung обично претставуваше по два модели од истиот уред. Прво, тоа беа Tab S (8.4 инчен) и Tab S (10.5 инчен), потоа се појавија Tab S2 (8.0 инчен) и Tab S2 (9.7 инчен). Тоа значи дека и овој пат, најверојатно, компанијата ќе претстави две варијанти од истиот таблет. Помалиот ќе доаѓа со 8 инчен дисплеј, а поголемиот ќе има околу 9.6 инчен дисплеј. Кога станува збор за неговиот дизајн, сеуште не знаеме дали станува збор за уште еден уред изработен од пластика како неговите претходници, или станува збор за премиум модел. Подоле може да ги погледнете првите фотографии од изгледот на Tab S 3:

                                                                ДИСПЛЕЈ

Една од најголемите гласини која кружеше за новиот таблет е можноста за флексибилен дисплеј. Како што рековме, уредите ќе имаат 8 инчен и 9.6 инчен екран со резолуција од околу 1536 x 2048 пиксели. Дисплејот ќе биде од Super AMOLED тип, како и до сега.

                                                      ДРУГИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Во однос на другите спецификации, можеме да очекуваме 4GB RAM, 32GB меморија и Snapdragon 820. Батеријата ќе биде од околу 5000mAh.

Samsung Galaxy Tab S3: Design, specs, price, release date, and all you need to know

                                                               ЦЕНА И ДАТУМ
Цената на таблетот сеуште не е позната, но бидејќи неговиот претходник се продаваше за 400 долари, а поголемата верзија за 500 долари, очекуваме и почетната цена на овој уред да биде околу овие цени. Ќе биде претставен на 26 февруари, за време на MWC настанот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.