x

Samsung Galaxy Tab S5: Моќни спецификации

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 11 Јуни, 2019 од GSM.mk

Изгледа дека Note 10 смартфоните не се единствените уреди кои компанијата планира да ги претстави оваа година..

Уште еден нов Samsung таблет се појави на Geekbench, заедно со неговите спецификации.

За разлика од Galaxy Tab S5e, кој работи на процесор од средната класа, Snapdragon 670, новиот модел ќе доаѓа со моќниот Snapdragon 855. Овој процесор ќе биде придружен од 6GB RAM, истата количина која се наоѓа и во Galaxy Tab S5e. За жал, на листата не се наоѓаат детали за неговиот дисплеј. Сепак, доколку Samsung планира новиот таблет да биде мало подобрување од Tab S5e, тогаш најверојатно ќе станува збор за истите спецификации, само со помоќен процесор во внатрешноста.

Ако е така, Galaxy Tab S5 ќе доаѓа со 10.5 инчен Super AMOLED дисплеј и 64 или 128GB меморија. Останува да видиме дали ќе работи на истата батерија од 7,000 mAh или на некоја подобра.

Според гласините, Note 10 серијата ја очекуваме во август, додека најавувањето на новиот таблет сеуште не е познато.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.