x

Samsung Galaxy Tab S6: Спецификации

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 19 Јули, 2019 од GSM.mk

Иако Note 10 уредите ќе бидат главните ѕвезди на 7 август, сепак на истиот настан Samsung планира да претстави и нов таблет кој според спецификациите еднакво го заслужува нашето внимание:

Веќе се запознавме со поголемиот дел од спецификациите на Note 10 серијата и Galaxy Watch Active 2 часовниците, а сега дојде време да се запознаеме и со таблетот. 

После долго време, Samsung подготвува моќен таблет. Иако Snapdragon 855 сеуште не е моќен колку Apple A12X Bionic кој се наоѓа во iPad таблетите, сепак е големо подобрување од претходниот процесор.

Massive new leak reveals the high-end Samsung Galaxy Tab S6 in all its glory

Во однос на дизајнот, Galaxy Tab S6 ќе го има истиот панел со Tab S4 заедно со подебелите рамки. Од друга страна, една промена е што ќе ја позајми алуминиумската конструкција со која доаѓа Tab S5e, наместо стаклениот дизајн на S4.

Massive new leak reveals the high-end Samsung Galaxy Tab S6 in all its glory

Една поголема промена е во пенкалото кое значително се разликува од она со кое доаѓаат Note 9 и Tab S4. Уште поважно, начинот на кој стои на задниот дел од таблетот гарантира Bluetooth поврзаност, како и безжично полнење. 

Massive new leak reveals the high-end Samsung Galaxy Tab S6 in all its glory


Уште една поважна промена која се забележува од фотографиите е дуалниот систем камери кој ќе се наоѓа на задната страна. Истотака, додека Tab S4 доаѓа во "досадни" црна и бела варијанта, Tab S6 ќе има многу "покул" модели во сина, сива и розева боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.