x

Samsung Galaxy Z Fold 2 5G: Поголем екран и подобри камери!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Август, 2020 од GSM.mk

Galaxy Fold конечно го доби својот долгоочекуван следбеник. Ова е Galaxy Z Fold 2 5G:

Почнувајќи од најголемата промена, новиот модел ќе има голем внатрешен дисплеј од 7.6 инчи, придружен од надворешен дисплеј, кој е истотака поголем, од 6.2 инчи. Има стаклена конструкција на предниот дел кога е отворен, со пластичен заден дел и алуминиумска рамка. Димензиите се од 159.2 x 128.2 x 6.9 mm кога е отворен и од 159.2 x 68 x 16.8 mm кога е преклопен.

На задниот дел има систем од три камери од кои сите се од 12 мегапиксели - главна, ултраширокоаголна и камера за портрети. Има и селфи камера од 10 мегапиксели. Достапен е во две нијанси - црна и бронзена.

The Samsung Galaxy Z Fold 2 5G is official and brings major improvements at an unknown price

Под хаубата има батерија од 4500 mAh со брз полнач од 25W и брз безжичен полнач од 11W. Процесорот е Snapdragon 865+.

Иако не е официјално позната, цената на Galaxy Z Fold ќе биде околу 2000 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.