x

Samsung го надмина Apple по број на продадени телефони во првиот квартал од годинава

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 31 Март, 2021 од GSM.mk

На крајот сме од првиот квартал на годинава, кога почнуваат објавите за аналитиките на пазарот на паметни телефони, а Strategy Analytics ги објави првите прелиминарни резултати, според кои победник во „првата рунда” е Samsung.

Samsung во февруари 2021 година успеа да го зголеми бројот на продадени уреди и го надмина најголемиот ривал Apple.

Samsung успеал да продаде 24 милиони телефони, додека Apple продал 23 милиони iPhone уреди. Па, во проценти, бројките од пазарниот удел стојат вака: 23,1% пазарен удел за Samsung, a 22,2% за Apple.

Третото место го држи Xiaomi со 11,5%, следувaaт Vivo со 10,6% и Oppo со 8,5% пазарен удел, на кои им оди во прилог американската забрана која ја доби Huawei.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.