x

Samsung го покажа Galaxy X што се витка

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Јануари, 2018 од GSM.mk

Samsung на своите партнери им овозможи да ги ѕирнат изгледот и карактеритиките на идниот смартфон Galaxy X што наводно е речиси завршен.

За смартфоните со екран што се витка се пишуваше и зборуваше многу минатата година. Заинтересираните партнери на Samsung го видоа ваквиот модел на Samsung зад затворени врати на саемот CES 2018 во Лас Вегас.

Изворите велат дека Samsung е речиси готов со работа на хардверот на телефонот. Прикажаниот Galaxy X има голем екран со дијагонала од 7,3 инчи. Се очекува овој голем дисплеј да овозможи подобро корисничко искуство во споредба со досега достапните решенија.

Навоно, Samsung на саемот CES донел два различни модели: еден со дисплеј што се витка навнатре и друг што се свиткува странично, објави порталот Bug.

Се претпоставува дека Samsung на крај ќе се одлучи само за еден модел, најверојатно оној со дисплеј што се витка навнатре.

Изворот додава дека со производство на овој модел најверојатно ќе се почне по ноември, 2018 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.