x

Samsung го потврди постоењето на Galaxy A5 (2018)!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Ноември, 2017 од GSM.mk

Откако го претстави Galaxy Alpha во 2014 година, Samsung продолжи да претставува смартфони во А серијата, а ваквата традиција ќе продолжи и следната година...

Samsung тивко го потврди постоењето на Galaxy A5 (2018) на официјалната јужнокорејска веб-страна. Поточно, на страната се спомнува ненајавен SM-A530 уред. Но, знаеме дека станува збор за Galaxy A5 (2018), бидејќи претходните генерации имаа слични броеви: SM-A520 (A5 2017), SM-A510 (A5 2016) и SM-A500 (оригиналниот A5).

За жал, не се споменати спецификации на уредот. Но според гласините, може да очекуваме 5.5 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2160 пиксели и тенки рамки. Би требало да вклучува Exynos 7885, 4GB RAM и водоотпорност. Ќе работи на Android 8 Oreo. 

Galaxy A 2017 серијата беше најавена во јануари, така што претставувањето на Galaxy A5 (2018) го очекуваме во првиот месец од новата година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.