x

Samsung го претстави Galaxy S20 Tactical Edition наменет за војници

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Мај, 2020 од GSM.mk

Компанијата Samsung претстави уште една верзија на својот нов флегшип смартфон, а тоа е Galaxy S20 Tactical Edition.

Oд Samsung велат дека S20 Tactical Edition е дизајниран за потребите на војската. S20 Tactical Edition е со неколку дополнителни можности за софтверот и безбедносни опции, а сместен е во куќиште кое се нарекува Juggernaut.

Има исти спецификации како S20, 6,2-инчен OLED екран, Snapdragon 865 процесор, 12 GB RAM, 128 GB интерна меморија, 5G поддршка и 3 задни камери.

Има посебен night-vision mode кој е одлично софтверско решение за потребите на војската. Исто и stealth mode кој ги исклучува сите видови на комуникација(еден вид на авионски режим).

S20 Tactical Ediotion нема да биде пуштен во продажба на пазарот, туку ќе биде достапен само за некои IT партнери, пишува The Verge.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.