x

Samsung Grand Prime Pro: Солидни спецификации и одлична цена

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 16 Март, 2018 од GSM.mk

Доколку сте во потрага по телефон со солидни спецификации, одличен изглед и ниска цена, тогаш го имаме уредот за вас. Запознајте го Samsung Grand Prime Pro:

Доколку сте заинтересирани за Samsung Galaxy Grand Prime, уредот е достапен во сина, црна и златна боја и може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од само 8590 денари. 

Samsung Grand Prime Pro е опремен со елегантен и практичен дизајн, удобен за ракување. Истотака, достапен е во 3 модерни бои, во зависност од вашиот личен стил и преференции. 

Смартфонот оаѓа со 5 инчен дисплеј, резолуција од 540x960 пиксели и 16:9 сооднос. Во внатрешноста на уредот, се наоѓа Snapdragon 425, придружен од 1.5GB RAM и 16GB меморија. 


За правењето фотографии од светот околу вас ќе се погрижи задната камера, која е од 8 мегапиксели, а за селфињата е тука предната камера, од 5 мегапиксели. Двете вклучуваат LED блиц, а задната вклучува и автофокус. Додатно, Floating Shutter копчето ви овозможува поголема стабилност и контрола при фотографирањето. 

Изработен е од пластика, а рамките од страните се алуминиумски. Работи на Android 7.1 (Nougat) и батерија од 2600 mAh, која може да издржи до 18 часа при зборување и 60 часа при пуштање музика. 



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.