x

Samsung HMD Odyssey го претстави врвното Windows искуство на измешана реалност

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Октомври, 2017 од GSM.mk

Samsung Electronics, во партнерство со Microsoft, го најави Samsung HMD Odyssey -највозбудливиот уред со Windows систем за Измешана Реалност.

Едноставен и брз за прилагодување, “Samsung HMD Odyssey“ обезбедуваврвно доживување на виртуелната реалност, со супериорен квалитет на сликата и највисока резолуција на екранот,овозможувајќи им на корисниците да го почувствуваат најновото поместување на границите на виртуелната реалност во едно ново, подобрено ниво.

Samsung HDM Odyssey е уред со високи перформанси коj како и сите наши производи овозможува значајни иновации во животите на нашите корисници. Дизајниран во партнерство со Мајкрософт, Samsung HMD Odyssey уредот ги транспортира корисниците до следното ниво на измешаната реалност на Виндоус, која им претставуваново искуство на виртуелната реалност - водечко во индустријата.“– изјави ВајЏи Чои (YG Choi), Сениор Потпретседател на Бизнис тимот за персонални компјутери во Самсунг Електроникс.

Искуство исто како во реалниот, вистински живот

Со двојни 3,5 – инчни AMOLED дисплеи, “Samsung HMD Odyssey“ овозможува појаки бои, какои подлабоки црни нијанси, допринесувајќи за поостра и поживописна слика. Полето на гледање од 110 степени им овозможува на корисниците да ги откријат најголемите виртуелни искуства околу нив.

Кога станува збор за звукот, “Samsung HMD Odyssey“ пристигнува со 360° просторен звук, овозможувајќи им на корисниците целосен “surround” систем преку премиум вградените АКГ слушалки.

Корисниците исто така може да разговараат со други играчи, без потреба за вадење на слушалките, со помош на вграден микрофон.

Неверојатно лесен почеток

Искуството на Виндоус системот за измешана реалност (MR) со “Samsung HMD Odyssey“ уредот е концептуализирано за да им го овозможи на корисниците најдоброто возможно искуство досега. За разлика од типичните екрани прикачени на главите на корисниците, со помош на овој уред не мора да инсталирате никакви дополнителни сензори за движење – едноставно се поврзувате со вашиот компјутер и започнувате. Со сеопфатно следење на положбата , корисниците не се ограничени на лимитиран простор за време на нивното виртуелно-реално искуство.

За уште поневеројатно искуство, “Samsung HMD Odyssey“ пристигнува со “Six Degrees of Freedom” сензор(6 DOF) кои овозможува интуитивно и природно движење.

Со прилагодливото контролнотркало, “Samsung HMD Odyssey“е ергономски дизајниран за да освозможи лесно и удобно доживување.

Алекс Кипмен(Alex Kipman), Стручен соработник на компанијата Мајкрософт изјави: “Возбудени сме што  можеме да му посакаме добредојде на “Samsung HMD Odyssey“ во Виндоус семејството на уреди за измешана реалност. Ова е неверојатен производ и уште еден важен чекор на патувањето на измешаната реалност на која ние во Мајкрософт се наоѓаме. Со “Samsung HMD Odyssey“ тимот во Самсунг го разви уредот за измешана реалност на Виндоус кој ќе ги воодушеви нашите обожаватели кои сакаат да се нурнат во светот на измешаната реалност во празничниот период.

“Samsung HMD Odyssey“ пристигнува заедно со интегрирани АКГ слушалки и низа микрофони за гласовни команди, како и два контролори на движење.“Samsung HMD Odyssey“ќе биде достапен подоцна оваа година во САД, Кина, Кореа, Бразил и Хонг-Конг, а нарачките кои ќе бидат овозможени само за САД започнуваат на 3. Октомври.

За повеќе информации за “Samsung HMD Odyssey“  посетете ги: http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com.

*Сите функции, карактеристики, спецификации и останати податоци за производот кои се наоѓаат во овој документ, вклучувајќи ги и без ограничувања, предности, дизајн, цени, компоненти, перформанси, достапност и опции на производот се подложни на промени, без претходна најава или обврска.

Samsung HMD Odyssey Табела со Спецификации

Samsung HMD Odyssey (Headset)

Platform

Windows Mixed Reality

Display

Dual 3.5” AMOLED

1,440 x 1,600 @90/60Hz

Interface

HDMI2.0 + USB 3.0 Interface Bound Cable (4m Length)

Lens

Single Fresnel

Field of View

Φ66, FOV 110º, 6.7X

IPD

60-72mm Range

Camera

6 DOF Camera x 2

Sensor

Accelerometer(6 Axis) |Gyrometer(6 Axis) |

Compass(3 Axis) |Proximity Sensor| IPD Sensor

Acoustics

2 MIC Support| Cortana|Built-in AKG Headphone

Control & Function

Volume|IPD Adjustment

Dimension

202mm(W) x 131.5mm(D) x 111mm(H)

Weight

645g

Samsung HMD Odyssey (Controller)

Control & Function

Touchpad (Clickable), Menu button

Windows/Controller power button,

Trigger, Thumbstick, Indicator light

Sensor

Accelerometer(6 Axis) |Gyrometer(6 Axis) |

Compass(3 Axis)

Battery

AAA Battery x 2ea

Dimension

154.2x119.1x119.1mm

Weight

160g


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.