x

Samsung, Huawei и Apple сеуште со најголема смартфон продажба вo 2019 година!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 30 Ноември, 2019 од GSM.mk

Трите компании со најголема смартфон продажба за 2019-та година повторно останаа на врвот

За третиот период од 2019-та година на првото место повторно се најде Samsung. Од јули до септември компанијата успеа да продаде 78.2 милиони единици - 2.5% повеќе од продажбата во вториот период. На годишно ниво, продажбата на Samsung расте за 8.4%. Минатата година за истиот период имаше продадено 72.3 милиони единици. Пазарниот удел на Samsung сеуште изнесува 21%. Компанијата особено имаше успех со Galaxy A серијата која се фокусира на добри фотографии и издржливи батерии.

Huawei, и покрај тоа што беше хендикепиран од Америка, сеуште успеа да постигне продажба од 66.8 милиони за периодот од три месеци. Тоа е 18% повеќе од вториот период за 2019-та година. Пазарниот удел на Huawei e 18%, 4% повисок од уделот минатата година.

На третото место се најде Apple. Компанијата продаде 44.8 милиони iPhone уреди, 4.5% помалку од 46.9 милиони единици кои беа продадени минатата година. Пазарниот удел на Apple е ист како минатата година.

Samsung, Huawei, and Apple were the top three global smartphone manufacturers during Q3 - Samsung, Huawei and Apple remained the top three smartphone manufacturers last quarter

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.