x

Samsung има продадено 20 милиони Galaxy S8 единици!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Август, 2017 од GSM.mk

Јужнокорејската компанија сподели дека ја надминала својата цел од 20 милиони продадени Galaxy S8 единици..

Според Strategy Analytics, компанијата продавала околу 278,800 Galaxy S8 единици на ден, од 21 април досега. До крајот на јуни, вкупната бројка изнесувала 19.8 милиони. Истотака, компанијата потврди дека продажбата на S8 била 15% повисока од онаа на неговиот претходник. 

Иако сега за сега работите изгледаат добро за Samsung, блиски извори тврдат дека продажбата на S8 не одела толку добро како што било очекувано. Тоа е и една од причините за подранетото претставување на новиот Galaxy Note 8. Останува да видиме до крајот на годината кој уред ќе покаже најдобри резултати и најдобра продажба. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.